речник контакт

Велешанец, пирограф, кој со чкорчиња ги црт? делата на Дирер

Велешанецот Ангел Мишков ( 37 год) се бави со уникатно хоби, кое му премина во професија.

Петар Печков

Велешанецот Ангел Мишков ( 37 год) се бави со уникатно хоби, кое му премина во професија. Тој е пирограф, гори чкорчиња со летком и така создава уметнички слики. Пред три седмици се врати до САД каде престојуваше месец дена, учествуваше на две изложби и  освои награда, второ место од претставуањето во Пенсилванија.

Со делото Адам и Ева“ ја освоив и публиката и жирито, по што стручните лица ми доделија втора награда. Тие беа изненадени од тоа што го прикажав, што ме прави горд бидејќи видоа нешто што ги воодушеви – вели скормно Ангел. Тој таму се претставил со сите 10 дела што ги има сработено. На изложбата имало 45 уметника од 30-тина земји од светот. Само тој работел со чкорчиња, додека останатие работеле на дрво, што го прави единствен. Поради ова пристигнвуваат покани за нови претставувања и гостувања во САД за наредната година.  

По изложбата во Пенсилванија, се претставил и во Њујорк, во уметничкиот кварт Челзи во World Fine Art Galery, каде бил зеадно со делата на дваесетина други колеги. Да стигне до САД му помогнала Оливера Трајкова од Американското катче во Скопје каде пролетва се претставил, по што му биле отворени вратите за гостување во Америка.

- Колегите не можеа или не сакаа да поверуват дека едно дело го работам една година, се чудеа на мојата трпеливост. За разлика од нивните дела кои беа до 50 см, моите се метар и повеќе високи – објаснува Мишков. Повеќето негови дела освојуваат по големината но и по мотивот. Тие се работени по цртежи  на познатиот графичар, германецот Албрехт Дирер (1471- 1528 ). Ремек делата на овој автор „Четворицата јавачи на апокалипсата“, „Адам и Ева“, „Тајната вечера“, „Меланхолија“, „Витезот, ѓаволот и смртта“, „Воскреснувањето на Исус“ Ангел ги работи по година дена. За секое од нив има употребено по 20 и повеќе илјади чкорчиња, 800 работни часа, и се „оживеани“ преку леткомот и дрвена плоча во ателјето  на Ангел Мишков.

Со ова хоби, сега веќе професија се занимава дванаесет години и неможе да се пофали дека досега создал со голем фонд. Вели дека причина за тоа е што изработката е макотрпна а мали не сака да создава, бидејќи тие се работат „сериски“ а тој има желба да работи само уникати. Сам ги осознал тајните на оваа уметност. Работејќи ги делата Дирер  вели дека може да дојде до израз умешноста  и способноста на авторот и за него тоа е врв на пирографијата. Процесот на работа започнува со лепење на дрвцата од кибирт, на кои им се сече фосфорот. Потоа Ангел прави шаблон, кој го пренесува на оформената подлога.

\"\"

- Горењето со летком е најсложена и уметнички најтешка работа. Треба многу трепение, бидејќи кибритчињата се направени од борово дрво, кое е лесно запаливо. Нијансирањето на дрвцата го правам со летком, кафеава се добива со кратко а црна со подлого горење. Во оваа работа не се дозволени грешки, бидејќи чкорчињата може да се залепат и процесот треба да се повтори - објаснува Мишков.

Сега тој е баран за претставување во САД, неговите дела се таму познати, но во родниот Велес за него малку се знае а малкумина ги виделе неговите дела. Минала желбата велешани да го видат неговиот труд на некаква изложба, се обидувал да се претстави, но не успеал. Сега откако, пред некој ден ја заврши „Четворицата јавачи на апокалипсата“ го заокружи делото на Дирер и Мишков започнува нова фаза од неговото творештво.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »